Трговска војна: САД најавија царини на шкотското виски, италијанското сирење и француските вина

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царини од 25 отсто на европски производи, како што се француските вина, италијанското сирење и шкотското виски, поштедувајќи ги италијанските вина, тестенините и маслиновото масло, а како одмазда поради нелегалните европски субвенции на „Airbus“, пренесуваат агенциите.

Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) објави дека листата со стотина европски производи на кои ќе им бидат наметнати нови царини откако Светската трговска организација (СТО – WHO) пресуди дека САД имаат право да вовдат царини до износ од 7,5 милијарди долари за да ги надоместат штетите. Новите царини треба да стапат на сила на 18-ти октомври. Канцеларијата објави и дека најголемиот дел од новите царини ќе се однесуваат на производи од Германјија, Велика Британија, Франција и Шпанија.

На списокот за нови царини се наоѓаа низа европски проиводи, меѓу кои кекси, салами, јогурт и путер, но во многу случаи листата се однесува само на производи од некои земји од Европската унија, на пример, на германското кафе и деловите за камери или британска волна и покривки, пишува Reuters.

Вашингтон, исто така, ќе наметне царини од 10 отсто за европските патнички авиони, што би можело да ги погоди американските компании кои претходно порачале летала од „Airbus“ во суми од милијарди долари. Царини, меѓутоам, нема да бидат наметнати за европските делови за авионоте кои се составуваат во фабриката на „Airbus“ во американската сојузна држава Алабама, како и ниту на европските делови за авионите на американскиот производител „Boeing“.

САД нема да наметнат царини од 100 отсто на ниеден производ, иако одлуката на СТО тоа им овозможува, за да остават простор за моќен договор со Европската унија, рекол неименуван американски функционер за DPA. Како што наведува оваа германска новинска агенција, одлуката на СТО вклучува досега најголем избор кој е одобрен во рамките на таканаречената противмерка, за да се разреши некој трговски спор.

СТО во средата пресуди дека САД можат да наметна царини од 7,5 милијарди долари, бидејќи на толкав износ се проценува штетата која ја претрпел американскиот производител на авиони „Boeing“, поради нелегалните европски субвенции на ривалскиот „Airbus“.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека пресудата на СТО претставува „голема победа за САД“, преземајќи ги заслугите пренесуваат медиумите, потсетувајќи дека процесот пред СТО започнал пред 15 години.

Европската унија, исто така, би можела да добие право да им наметне царини на САД следната година, кога СТО би можека да донесе одлукга дека и американските субвенции за „Boeing“ се нелегални, во рамките на извонредно комплицираниот спор коишто двата најголеми светски производители на патнички авиони го водат веќе со години.