Трговската војна со Кина, доведува во ризик 1,5 милиони работни места во САД

Трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг претставува закана за околу 1,5 милиони работни места во САД, кои зависат од движењето на стоките преку пристаништата во Јужна калифорнија, се посочува во денеска објавениот извештај, објавен од Пристаништето Лос Анџелес.

Повисоките трошоци за увоз и загубените пазари исто така претставуваат ризик за трговијата со стоки преку пристаништа, вредна 186 милијарди долари годишно, а корисниците ќе ги чинат дополнителни милијарди долари поради зголемените цени, се наведува во извештајот на Пристаништето Лос Анџелес, ккое многу се потпира на трговијата со Кина.

– Некои региони и индустрии веќе ја чувствуваат болката и штетата врз работните места, па приходите и повратот на ДДВ можат да бидат осакатени со текот на времето, изјави извршниот директор на Пристаништето Лос Анџелес Џин Серока.

Најголемиот пристаништен комплекс за ракување со контејнери во земјата, вклучувајќи ги пристаништата Лос Анџелес и Лонг Бич, обработува двонасочен товар за 380 милијарди американски долари, при што Кина учествува со 54 отсто од увозот и 29 отсто од извозот, се вели во извештајот.