Трговската војна меѓу САД и Вашингтон ескалира кон кулиминација

Трговските тензии меѓу Вашингтон и Пекинг во понеделникот дојдоа до врвот од досегашните напнатости, со што исчезнува можноста за брз договор меѓу двете најголеми светски економии и го поттикнуваат стравувањето од последиците по и онака слабиот економски раст на глобално ниво.

Кина, којашто строго го контролира курсот на својата валута јенот, дозволи во понеделникот нејзин остар пад во однос на американскиот долар, па САД десет часа подоцна официјално го обвинија Пекинг дека манипулира со својата валута за да стекне незаслужена предност правејќи ги своите производи поевтини за извоз.

По операцијата на Пекинг, јенот во текот на денот падна под симболичната граница од 7 јени за долар, што претставува негово најниско ниво во последните 11 години. Оваа вест се сфаќа како ескалација во трговската војна на двата економски гиганта, па предизвика општ пад на финансиските пазари во Азија, Европа и во прв ред во САД.

Вашингтон во понеделникот вечерта возврати со противнапад, Американскиот министер за финансии Стивен Мначин заклучи дека „Кина манипулира со својата“ валута, како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет. „Тргнивајќи од ваквиот заклучок (дека Кина манипулира со својата валута) министерот Мначин ќе разговара со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за да се поништи конкирентската предност којашто е резултат на најновите кинески одлуки“, се додава во текстот.

Американскиот претседател веќе во текот на утрото на Twitter ја критикуваше Кина која „мисли и во иднина да заработувајќи милијарди долари земајќи има ги на САД на сметка на нелојалната трговска практика и манипулирањата со валутата“.

Објавата на американското министерство за финансии не би требало да има конкретни непосредни последици, но може да ја зголеми загриженоста на инвеститорите и компании кои се обидуваат да утврдат како еден долготраен судир меѓу Вашингтон и Пекинг ќе влијае врз нивните активности. Кина и САД речиси цела година водат трговска војна која се одрази во меѓусебното воведување царини во износи од стотици милијарди долари.

Падот на вредноста на јенот оди во полза на кинескиот извоз и го ублажува негативното влијание на американските царини врз кинеските производи. Пекинг досега настокуваше да ја поддржи својата валута „за да не го загрози“ трговските преговори со САД, смета Џулијан Еванс-Причард од консултантската комоанија „Capital Economics“. Да се дозволи пад под 7 јени за долар, значи дека кинеските власти „всушност ја загубиле надеждта за постигнување трговски договор“ со Вашинготн, заклучува аналитичарот.