Трговскиот сектор го поддржа растот на Волстрит

На њујоршки Волстрит во вторникот индексите Dow Jones и S&P 500, благодарејќи на подобрите отколку што се очекуваше деловни резултати на трговските синџири, додека индексот Nasdaq благо падна.

Индексот Dow Jones порасна за 239 индексни поени или за 0,71 отсто, на 34.152 поени, а S&P 500 за 0,19 отсто, на 4.305 поени. А Nasdaq индексот ослабе, пак, за 0,19 отсто, на 13.102 поени.

Растот на Dow Jones и S&P 500 индексите во прв ред е поради силниот раст на цената на акциите на „Walmart“ за 5,1 отсто, и на „Home Depot“ за 4,1 отсто. Објавувајќи ги кварталните деловни резултати „Walmart“ ги намали процените на падот на добивката годинава, додека „Home Depot“ ги надмина очекувањата на аналитичарите по прашањето на кварталната продажба.

И додека трговскиот сектор зајакна, технолошкиот благо падна, по значителниот раст ден претходно, што го притисна Nasdaq индексот.

По остриот пад во првата половина од годината, S&P 500 индексот порасна за речиси 14 отсто од средината јуни, благодарејќи во прв ред на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на компаниите. Повеќето компании од составот на овој индекс ги објавија резултатите за второто годинешно тримесечје, при што нивната добивка пораснала за 9,7 отсто во однос на истиот лански период. Пред месец и половина се очекуваше раст на заработките за 5,6 отсто.

Позитивно на пазарот последните денови влијаат и надежите на вложувачите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе успее „меко приземјување“ на стопанството, додека остро ги зголемува каматните стапки за да ја сузбие инфлацијата, која се движи на највисоките нивоа во последните 40 години. Fed од март ги подигна каматните стапки за 2,25 процентни поени, а најавува и натамошни зголемувања, што ќе го забави растот на економијата.

Според широко прифатената дефиниција, американската економија веќе е во рецесија, бидејќи во последните два квартала благо паднала на квартално ниво.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.