Три автобуси вршеле меѓународен превоз без документи

Три автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 27 и 28 август 2022 година полициски службеници од Граничниот премин Табановце констатирале непочитување на законите кај три автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од Р.А. (52) од Куманово, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.К. (43) од Тетово и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т. (67) од Скопје било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без да поседуваат соодветна документација.

Државниот инспекторат за транспорт изрекол соодветни санкции за возачите и за правните лица.