Три автомобили запалени кај Бит-пазар

Три автомобили се изгорени во близина на клучката кај Бит-пазар. Полицијата врши увид за да се открие како избувнал пожарот на паркираните автомобили (еден со гостиварски таблици, 2 со скопски).

Пожарот е пријавен околу 3 часот наутро по што интервенирале пожарникари и ги изгаснале возилата.

Од МВР го потврдија инцидентот

На 08.05.2023 во 03.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје настанал пожар во патничките возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(41) од Скопје, „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки сопственост на О.С.(46) од Гостивар, „пежо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(27) од Скопје и „ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(26) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.