Три бебиња и двајца возрасни избодени во детска градинка во Њујорк

Три бебиња и две возрасни лица, од кои едно едене, се тешко шовредени со бодење во петокот во домашна детска градинака во центарот на Њујорк, пренесуваат американските медиуми повикувајќи се на локалната полиција.

За нападот е осомничена жена која работела во детстката градинка, која по нападот си ги пресекла зглобовите во подрумските простории каде била пронајдена, соопштиле од полицијата. Таа е во притвор и е во стабилна состојба. Полицијата засега не ги знае можните мотиви за овоој напад.

Педесет и двегодишната вработената во градинката избодела две девојченца и едно момченце, кои се стари меѓу три и и еден месец, 31-годишен маж, за кој се претпоставува дека е татко на едно од децата, и една жена во триесеттите години, соопштиле од полицијата. Едно од децата е во сериозна состојба и се наоѓа во локалната болница.

Инцидентото се одиграл во приватен дом во квартот Квинс, околу 15,30 часот по локално време, соопшти на прес-конеренција Софија Мејсон, портпаролката на њујоршката полиција. Според неа, на местото од инцидентот се најдени крав кујнски нож и месарски сатар.

Според медиумите кои се повикуваат на полициски извори, не е јасно дали детската градинка работела во времето на нападот. Двете возрасни лица кои се избодени се живеат во тој дом, рекол полицискиот портпарол Тома Антонети. Не знале да каже дали некое од децата е запишано во таа градинка.

„Одговорното лице е вработено. Тоа не живее тами“, рекол Антонети додавајќи дека сите жртви имале повеќекратни убодни рани.