Три бензински пумпи ограбени за десет минути утрово крај Скопје

Во рок од само десетина минути рано утрото во вторникот се пријавени вооружени грабежи на три бензиски пумпи на потегот од улицата „Перо Наков“.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи во периодот од 04,05 часот до 04,15 во Скопје во бензинските пумпи на „Супер Оил“, на улицата „Перо Наков“ бб, на „Макпетрол“ на улицата „Методија Андонов Ченто“ бб и на бензинската пумпа „Аива Оил“, лоцирана пред село Арачиново, извршени се разбојништва.

Притоа и во сите три случаи две маскирани лица со закана од пиштол од вработените одзеле засега неутврдена сума пари. Се преземаат мерки за расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителите.