Три деца од Тетово заболени од свински грип

фото- илустрација: Децата засега се со лесна клиничка слика

Три деца од Тетово, на возраст од 13 години, се заболени од свинки грип од почетоокот на сезоната оваа година.
Децата, како што информираат здравствените власти, се со лесна клиничка слика и со симптоми како кај обичниот грип, температура и сува кашлица.

Институтот за јавно здравје активно ја следи состојбата во сезоната на грип и досега има лабораториско следење на 12 примероци од кои шест биле од Тетово.

Во Македонија од грип заболуваат 60 лица неделно, односно од почетокот на сезоната до денес грип е дијагностициран кај 432 лица.

Најголем дел од пациентите се од Скопје, Струмица, Тетово и Куманово.

Од Институтот за јавно здравје апелираат дека станува збор за заразна болест предизвикана од вирус, поради што е потребна внимателност и следење на препораките.

Грипот се шири преку воздух и прашина, во затворени простории, преку контакт со заболениот или поради нехигиена.

Надлежните апелираат болните да не одат на работа или во училиште, поради тоа што може да се јават сериозни компликации, поради кои има настанато и смрт.

Освен тоа, потребно е редовно миење на рацете, често проветрување на затворените простории и избегнување на контакт со лица заболени од грип.

Најголем дел од пациентите заболени од грип се лица над 18 години, а според досегашните податоци најголем морбитет има кај деца до 5 години.

Од Институтот апелираат до сите доктори и здравствени работници сите случаи да бидат пријавувани за детална анализа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.