Три држави се нудат за републиканската конвенција, ако Трамп ја повлече од Северна Каролина

Then-candidate Donald Trump onstage with his running mate, Mike Pence, and their families at the end of the 2016 Republican National Convention in Cleveland. Republicans have chosen Charlotte, N.C., a city that hosted Democrats' convention in 2012, to host their 2020 convention

Републиканците во американските сојузни држави Џорџија, Тексас и Флорида се нудат да бидат домаќини на партиската конвенција на Републиканската партија, доколку претседателот Доналд Трамп ја исполно заканата и ја премести од Северна Каролина поради тамошните рестриктивни мерки.

Во понеделникот претседателот Доналд Трамп предупреди дека би можел одложената за август републиканска национална конвенција да ја премести од Северна Каролина, доколку настанот биде подложен на рестрикциите во врска со физичкото растојание, односно нема да дозволи на 24-ти август арената „Спектрум“ во Шарлот да биде исполнета во целосниот нејзин капацитет.

Трамп на Twitter напиша дека партијата ќе најде друго место за националната конвенција доколку демократскиот гувернер на Северна Каролина, Рој Купер, веднаш не одговори на прашањето „дали ќе овозможи просторот целосно да биде исполнет“. Доби поддршка и од потпретседателот Мајк Пенс кој изјави дека „апсолутно неопходно е“ Купер итно да одговори или конвенцијата ќе биде преместена во сојузна држава којашто отишла подалеку во процесот на попуштање на рестриктивните мерки.

Кабинетот на гувернерот Купер одговори дека за конечната одлука ќе се консултира со епидемиолозите. „Северна Каролина се потпира на податоци и на наука за да го заштити јавното здравје и сигурноста на нашата сојузна држава“.

Челничката на републиканскиот Национален комитет, Рона МелДаниел, изјави за телевизиската мрежа Fox News во вторникот дека многу држави се побудиле да бидат замена за Северна Каролина, меѓу нив се Џорџија, Тексас и Флорида, кои се водени од републикански гувернери.

„Со простори на светско ниво, рестораните, хотелите и работната сила, Џорџија би била почестена да биде домаќин на републиканската национална конвенција во целосна безбедност“, изјави гувернерот Брајан Кемп. Републиканските челници на Флорида и Тексас слични изјави дадода во понеделникот.