Три дуела и три ремија во најсилната македонска лига

Со три натпревара во саботата попладнето започна четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига, и сите три дуела завршија без победник со вкупно четири погодоци.

Беласица во Струмица го пречека Вардар и успеа да го освои првиот бод во новото првенство. Вардар постигна гол преку Новак во 47 минута, а десет минути подоцна Балдовалиев израмни на 1:1.

Белсица го освои првиот бод во новата сезона, а Вардар по четири кола има осум бода.

Со резултат 1:1 заврши и дуелот на Ренова со Македонија Ѓорче Петров. Нухиу донесе водство за Реанова во 30 минута, а во самиот финиш на првиот дел израмни Да Силва.

Натпреварот во Кратово, помеѓу Силекс и Победа заврши без голови.