Денеска се навршуваат три години откако Оливер Драгојевиќ нѐ напушти – „морскиот волк“ почина по тешка болест во болницата во Сплит. Во Хрватска, и во целиот регион, завладеа голема тага.
– Секогаш ме нарекуваше жено, речиси никогаш не ми кажа Весна. Уште е тешко и ден-денес не одам сама на неговиот гроб затоа што мислам дека ќе се онесвестам. И ден-денес, кога ќе заsвони телефонот, мислам дека тој ме бара – рекла со тага во гласот Весна Драгојевиќ, сопругата на починатиот пејач.
Со Оливер била речиси 50 години, имаат три сина, седум внуци…
Тешката болест и смртта ја прекинале нивната идила. Пејачот уживал во Сплит, а уште повеќе во Вела Лука. И секогаш со семејството. Кога одел на Корчула, земал некоја маица, стари шорцеви, на главата ставал капа и на тој начин „се стопувал“ со местото. Малку риболов, потоа дружење со пријателите, песната била секогаш добредојдена…
И оваа година, како и минатите, во Вела Лука се одбележува годишнината од смртта на големиот пејач. Всушност, сѐ веќе започна во понеделникот на траектот за Корчула, кога познати хрватски пејачи го разубавија патувањето со песна. Во вторникот, во Центарот за култура беше отворена изложбата во чест на Драгојевиќ.
Нема човек кој не ги сакал и знаел неговите песни, а кога Оливер Драгојевиќ на 29 јули 2018 година на 71 година ја загуби битката со ракот на белите дробови, плачеше Хрватска, но и Балканот.