Три гостински победи во Примера, прва победа на Селта

Во вторникот беа одиграни три натпревара од шестото коло на шпанското фудбалско првенство во гостите ги освоија максималните девет бодови.

Покрај победата на актуелниот шампион Атлетико Мадрид кај Хетафе од 2:1, на гости славеше и Селта Виго која со 2:0 беше подобра во Валенскија кај Леванте и дојде до првата првенствена победа оваа сезона. А Рајо Ваљекано со 2:1 го победи во Билбао домашниот Атлетик.

Атлетико Мадрид повторно со пресверт во финишот дојде до гостинска победа. Во последната минута од првиот дел гостинскиот голман Јан Облак со автогол го донесе Хетафе во водство. Кон средината на вториот дел, во 74 минута домашните останаа без исклучениот Карлес Алења, што набрзо го искористи ветеранот Луис Суарез прво да изрмани во 74 минута, а потоа и да погоди во 90 минута за победа на „Јорганџиите“.

Атлетико Мадрид е моментално прв на табелата со 14 бодови, еден повеќе од градскиот ривал Реал кој има и меч помалку. Хетафе, пак, ги нанижа сите шест порази и без бодови е претпоследен 19-ти.

На мечот во Валенсија во првото полувреме ниту една од екипите не упати удар во рамките на противничкиот гол, но во продолжение Селта ги реализираше своите шанси. Прво Иако Аспас во 66 минута го постигна својот втор лигашки погодок сезонава, а победата ја осигури во 85 минута Браис Мендез.

Сега моментално и Селта Виго и Леванте се израменти на табелата со по четири бодови, моментално на 16-то односно 15-то место,

Жесток дуел со многу прекршоци во Билбао одиграа Атлетик и Рајо Ваљекано, а гостите победија со 2:1. Се чинеше дека погодоците од првото полувреме ќе бидат и конечниот резултат на мечот, откако гостите поведоа во 5 минута преку Алваро Гарсија а во 33 минута израмни Пате Сис кој ја погоди сопствената мрежа.

Овие 1:1 стоеја на семафорот сѐ до шестата минута од судиското продолжение на натпреварот, кога искусниот ветеран Радамел Фалкао, кој влезе во игра во вториот дел, со одличен погодок со глава му ја донесе на Рајо првата победа на „Сан Мамеш“ по дури осум години.

Атлетик остана моментално шести со 9 бодови, а Рајо Ваљекано го мина на табелата и сега со 10 бодови е четврти.

Колото продолжува во среда со дуелите Еспањол – Алавес, Севилја – Валенсија, Реал Мадрид – Мајорка и Вилјареал – Елче, а ќе биде заокружено во четврток кога се среќаваат Гранада – Реал Сосиедад, Осасуна – Бетис и Кадиз – Барселона.