Три града домаќини под знак прашалник за ЕП, ќе решава УЕФА

УЕФА ќе одлучува и околу конечните домаќинства на претстојното Европско првенство во фудбал. Се очекува на состанокот да се потврдат градовите кои ќе организираат натпреварите на континенталниот турнир ова лето.

Девет од нив потврдија дека ќе имаат услови да обезбедат присуство на навивачи. Проблемот е кај останатите три, Тоа се Даблин, Минхен и Билбао кои не гарантираат дека ќе можат да дозволат навивачи на трибините.

Конечната одлука ќе биде донесена денес, која би можела да значи дека ќе се бараат нови алтернативи, како замена за постоечките.

Македонија ќе игра во Букурешт каде властите веќе потврдија дека ќе дозволат 12.000 гледачи на трибините. Добра вест е што бројката би можела да порасне во неделите пред турнирот.