Три хороскопски знаци ќе се соочат со големи предизвици за време на владеењето на Рибите

Никому не му е лесно кога Сонцето влегува во хороскопскиот знак Риби. Овој чувствителен хороскопски знак започнува да владее во исто време додека сме по влијание на ретроградниот Меркур, а ова е само еден од предизвиците што ве очекуваат од 19 февруари до 20 март. Во продолжение прочитајте кои хороскопски знаци ги очекуваат најголеми предизвици.

1. Овен

Се повлекувате во минатото, а тоа воопшто не личи на вас. Вие сте бестрашен, непомирлив, но и нетрпелив хороскопски знак што сè сака да постигне веднаш. Не дозволувајте да ве потисне комбинираната енергија на ретроградиот Меркур и на Сонцето во Риби.

Преземете го водството и организирајте го животот така што ќе бидете поактивни отколку што ви сугерира распоредот на планетите.

Вие не смеете да се предадете, па повикајте ги вашите најтврдоглави инстинкти на помош и направете го она што најмногу го сакате – да ја имате контролата во свои раце.

2. Лав

Нема многу пеперутки во воздухот, но ни во вашиот стомак. Сепак, оваа тивка рамнодушност е минлива.

Сонцето го активира вашето поле на интимноста, но и на трансформацијата, па ќе се соочите со големи предизвици во текот на владеењето на Рибите.

Сметајте дека најмногу ќе играте со вашата сенка, но важно е да нурнете длабоко во срцето и повторно да ги пронајдете искрите на љубовта и романтиката.

3. Стрелец

Вие навистина заслужувате да бидете нежни кон себе, а владеењето на Рибите ќе ви отвори некои длабоки рани.

Можно е некои стари семејни проблеми и дилеми да започнат одново, а вие тешко ги поднесувате таквите расправии.

Сепак, потребно да ги решите сите проблеми за да продолжите да се движите напред. Бидете искрени кон себе и храбро кажувајте ја вистината бидејќи тоа е единствената работа со која можете сами да се справите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.