Три хороскопски знаци на кои најчесто им раскинува партнерот

Постојат луѓе кои секогаш оставаат, но и такви, што секогаш тие се неочекувано оставени од партнерот. Што открива Зодијакот на оваа тема?

Доколку се препознавте себеси во втората група, тогаш голема е веројатноста дека припаѓате на еден од овие три хороскопски знаци:

Близнаци

Друштвени, зависни од запознавање нови луѓе и склони кон авантури, Близнаците многу лесно ќе го привлечат партнерот, но проблемот настанува тогаш кога треба и да го задржат. Со оглед на тоа дека постојано се во потрага по нови возбуди, мошне често делуваат неодговорно и нестабилно, поради што партнерите ги оставаат и менуваат со некој помирен.

Рак

Раковите многу брзо се вљубуваат, а целиот живот им е воден од емоциите. Сѐ доживуваат преинтензивно, поради што лесно може да ги повредите, односно да се скарате со нив. Од таа причина, тие често остануваат без партнерите, коишто сакаат помалку драма во врската.

Девица

Изразено организираните Девици, пак, често посветуваат премногу внимание на деталите. Не се откажуваат од воспоставените рутини, поради што оддаваат впечаток на досадни особи. Несклоноста ни кон најмали промени ги прави идеален материјал за оставање.