Три хороскопски знаци со скршено срце во 2018-та

Кога Универзумот ќе се сврти против вас, гледајте на тоа како да сака да ве научи на некоја важна животна лекција.

Ако вака ги гледате работите, многу полесно ќе го пребродите скршеното срце.

Па, кои 3 хороскопски знаци може да очекуваат љубовно разочарување во 2018-та?

Близнаци

За сите Близнаци следи година која буквално ќе ги освести. Во 2018-та конечно ќе престанат да се бараат себеси во партнерот и ќе се соочат сами со себе.

Доволно го менувавте сопствениот живот заради некој друг. Оваа навика нема да ви донесе ништо добро. Оваа година крајно време е да научите да се натпреварувате сами со себе и да станете подобри – за себе.

Скорпија

На почетокот од годината Скорпиите ќе се соочат со напливи на бес и лутина и ќе истураат отров по сите околу себе. Ако не ја доведат во ред деструктивната енергија, може да се случи штета од која самите тие ќе патат.

Лечете го скршеното срце – сами. Не е точно дека сте губитник и дека ви треба некој друг за да го залепи скршеното. Поставете се паметно – свртете се кон промени во сопствениот живот.

Вага

Ова е година кога Вагите ќе сфатат дека колку и да сакаат да живеат во рамнотежа, животот не е секогаш фер. Крајно време е да ги дефинираат своите емоции и да го кажат она што го мислат и сакаат.

Голема е веројатноста да ја изгубите саканата личност во моментот кога ќе застанете да се борите за себе, бидејќи ќе сфатите дека „тоа не е тоа.“ Запомнете – што и да се случува, бидете љубезни кон себе.