Три илјади станови и нови објекти ќе бидат претставени на Саемот за градежништво

Со вкупно 3000 станови и промоција на нови објекти ќе се претстават компаниите на 11. Саем за градежништво кој ќе започне утре 4 март и ќе трае до 8 март. На самите штандови ќе се понудат и поволни услови за купување на станови преку кредитите од комерцијалните банки.Ќе има повеќе компаниски, но и презентации на еколошки материјали кои овозможуваат заштеда на енергија.Во таа насока од Агенцијата за енергетика ќе бидат доделени и првите енергетски пасоши.

На Саемот за градежништво повторно со своја понуда на кровови, гипсени производи,малтери и фасадни производи, лепила, изолациони материјали, битуменски производи, камен, песок, ѕидни бои ќе се претстават долгогодишни учесници како Кнауф кој годинава одбележува 20 години постоење на македонскиот пазар.

Освен учеството на македонските компании ќе се претстават компании од Србија и Турција, но и за првпат две компании од Италија. Паралелно со Саемот за градежништво ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции Real Expo во рамките на кој ќе учествуваат повеќе од 300 компании.

За посетителите, кои годинава се очекуваат 15.000 ќе има и наградна игра на која ќе бидат доделени награди во вредност од 300, 500 и 700 евра.

За првпат на 8-ми март ќе биде избрана и успешна жена во градежништвото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.