Три кафиња дневно повеќе користат отколку што штетат за здравјето

Луѓето коишто пијат три до четири шолји кафе дневно веројатно ќе имаат повеќе полза за своето здравје отколку штета, бидејќи ќе имаат намалена опасност од прерана смрт и болести на срцето од оние коишто не го пијат, велат научниците во студијата објавена минатата седмица во научното списание BMJ British medical journal.

Истражувањето, во коешто биле споредувани податоците за повеќе од 200 претходно истражувања, исто така, утврдило дека пиењето кафе е поврзано и со намалената опасност од појава на дијабетес, болести на црниот дроб и некои видови рак.

Три или четири шолји кафе дневно имаат најмногу полза, велат научниците, и предупредуваат дека тоа ова важи освен за жените кои се трудни или имаат зголемен ризик од преломи.

Кафето е една од најомилените напивки на светот. Настојувајќи подобро да го разбере неговото делување врз здравјето, Робин Пул, специјалист за јавно здравје на британскиот Универзитет Саутемптон, го предводел тимот во ова ткн „чадор истражување“ на 201 студија засновани на набљудувања и 17 студии темелени на клинички истражувања.

Таканареченото „чадор (или покривно) истражување“ ги синтетизира претходните анализи за да пружи појасен преглед на различните истражувања за некоја тема.

„Пиењето кафе изгледа сигурно во рамките на вообичаените обрасци на консумирање“, заклучува тимот на Пол.

Пиењето кафе доследно е поврзано со понискиот ризик од смрт од сите причинители и од болести на срцето. Најголемото намалување на релативниот ризик од прерана смрт е забележано кај луѓето коишто пијат три шолји дневно во споредба со оние коишто воопшто не пијат кафе. Пиењето на три шолји дневно не штетело, но благотворните ефекти биле помалку изразени.

Кафето, исто така, е поврзано и со понизок ризик од неколку вида рак, меѓу коишто и ракот на простатата, ракот на слузницата на матката, на кожата и на црниот дроб, како и при дијабетес од типот 2, камен во жолчката и гихт, велат истражувачите. Најголема полза е утврдена кај болестите на црниот дроб, како цирозата.

Научниот тим предупредува, имајќи предвид дека нивното истражување ги вклучувало главно податоците добиени со набљудувања, дека не можат да изведат цврсти заклучоци за причините и последиците.