Три кинески брода кај спорните острови со Јапонија

Три брода на кинеската крајбрежна стража допловија утринава до островот во Источното кинеско море околу кои Кина и Јапонија имат спор, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Напнатоста меѓу Јапонија и Кина расте од минатата година поради спорот околу суверинитетoт над ненаселениот архипелаг. На спорните острови, права имаат Јапонија, Кина и Тајван.

Кина редовно испраќа бродови од тие острови кои се 200 километри од североисточно од Тајван и 4оо км од Окинава, на југот на Јапонија.

Во истата област пловат и бродови на јапонската крајбрежна стража што ја зголемува можноста од вооружени инциденти.

Американскиот претседател Барак Обам при неодамнешната турнеја низ Јапонија, изјави дека САД имаат обврска да ја бранат Јапонија во случај на воен судир со Кина околу спорните острови, но ги повика двете страни долгогодишниот спор да го решат по мирен пат.