Три компании заинтересирани да ја спроведат гасификацијата на Скопје

Турскиот енергетски гигант „Аксо енерџи“, една украинска и една македонска компанија, досега ја подигнале документацијата за учество во проектот за гасификација на скопскиот регион. Понудите треба да се достават најдоцна до 25 мај, според одлуката што во јануари годинава ја донесе Владата.

Дистрибутивниот систем треба да се изгради преку јавно – приватно партнерство, така што фирмата која ќе ја добие концесијата треба да ја изгради мрежата, да ја проектира, финансира и одржува 20 години, а потоа да ја отстапи на државата.

Гасификацијата треба да ги опфати сите општини од Скопскиот регион, а се проценува дека реализацијата на проектот ќе чини околу 98,4 милион евра.

Предвидено е примарната гасоводна мрежа да биде долга 250 километри. Изградбата би се одвивала во периодот од 2015 до 2019 година, при што дел од инфраструктурата би била пуштена за користење веќе во 2016 година.

Договорот за воспоставување на јавно – приватно партнерство би требало да се потпише до крајот на годинава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.