Три кривични пријави за пукањето во Кондово

Три кривични пријави против браќата Незири и Ј.Ј., сите од Кондово е билансот од пресметката меѓу семејствата кои пред пет дена се пресметаа во Кондово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, од МВР додаваат дека причината за престрелката биле недоразбирањата меѓу браќата Јакупи и Незири.

Пред пет дена, во попладневните часот, поточно околу 17 часот, пред чајџилницата „Њу Лајф“ во Кондово, со возило пристигнале браќата Незири да ги расчистат меѓусебните недоразбирања. Во чајџилницата биле браќата Јакупи и во моментот кога е напуштиле започнала огнената престрелка меѓу нив.

Од испуканите проектили браќата Јакупи се здобиле со тешки телесни поведи и со приватно возило биле пренесени во ГОБ „8-МИ Септември“, а браќата Незири се упатиле во непознат правец, додека пак еден вработен во чајџилницата, кој се обидувал да ги смири, се здобил со телесни повреди и истиот со приватно возило е пренесен во ГОБ „8-МИ Септември“.

Во ГОБ „8-МИ Септември“, кај Ј.Ј. е констатирана една рана во стомакот од пиштол, а кај З.Ј. се констатирани три рани во пределот на главата, стомакот и бутот и истите се задржани за понатамошно лекување, додека браќата Незири сами побарале помош во Клинички центар, каде по укажаната помош се пуштени на домашно лекување. Кај вработениот во чајџилницата е констатирана прострелна рана во пределот на бутот и по укажаната медицинска помош е пуштен на домашно лекување.

Инаку, Ј.Ј. и Ќ.Н. се припадници на АРМ, додека Ќ.Н. е вработен во МВР на РМ и сите поседуваат дозвола за оружје.

Ќ.Н. во престрелката го употребил службениот пиштол, иако во моментот не извршувал службени должности и задолженија, за што е информиран и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди кој отвори истрага за случајот.