Три лица фатени со хероин и кокаин во Гостивар

Три лица се лишени од слобода откако синоќа при претрес на стан во Гостивар биле пронајдени хероин и кокаин.

Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар синоќа околу 20 часот и 30 минути, на улица „Мара Угринова” во Гостивар, ги лишиле од слобoда Л.Ф.(60) од гостиварско Форино, Ш.А.(48) од гостиварски Добридол и Е.К. (23) од гостиварско Калиште.

При преглед на просторијата во која престојувал и ја користел Л.Ф. биле пронајдени 20 пакувања хероин и една грутка кокаин.Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 215 од Кривичниот законик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.