Три лица нападнале и ограбиле 19-годишен тетовец

31

Во текот на вчерашниот ден, околу 21 часот полицајци во Тетово лишиле од слобода три лица поради пријавено разбојништво во текот на денот.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Е.(18) од Палатица, А.Ј.(24) и Ј.З.(23) од Тетово, поради сомнение дека околу 16.30 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, извршиле разбојништо над 19-годишниот тетовец Л.Р. Тие физички го нападнале Л.Р. и му одзеле и пари – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.