Три лица нападнати од кучиња скитници во Скопје

Tри лица во вторникот биле нападнати од кучиња скитници на разни локации во Скопје, инфромираа од министерството за надворешни работи п опримените пријави од граѓани.

Првиот случај бил пријавен во полиција од на 42-годишниот Н.С. кој рекол дека околу 7,40 часот додека се движел по булеварот „АВНОЈ“ во скопската населба Аеродром бил нападнат од куче скитник, при што бил каснат во левата нога.

Мажот отишол на лекарски преглед во приватна здравствена установа каде му била укажана лекарска помош, а од таму бил препратен на Инфективната клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Шеесет и петгодинишниот Х.С. пријавил дека на улицата „Бањалучка“, во општина Карпош, околу 14 часот бил нападнат од куче скитник и бил каснат во пределот од задната ложа на левата нога.

Третиот случај го пријавила 34-годишната Т.М. Додека таа со нејзиното малолетно дете поминувале на автобуска постојка на улицата „Веле Марков“ во Ѓорче Петров, биле нападнати од две кучиња. Едно од кучињата ја каснало Т.М. за левата нога.