Три лица од гостиварско приведени, во нивното возило откриен хероин

Во понеделникот околу 15,30 часот во атарот на гостиварското село Врапчиште, од страна на полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ги лишиле од слобода 39-годишниот О.Б. од гостиварска Долна Бањица, 38-годишната гостиварка В.С. и 52-годишниот А.М. од сeлото Врапчиште.

При нивен и преглед на возилото „опел вектра“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од О.Б., во кое В.С. и А.М. биле сопатници, им бил пронајден хероин.

Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар и со соодветен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.