Три лица од Гостиварско заминале од Македонија иако имале решенија за карантин

Три лица од Гостиварско ќе се соочат со пријави бидејќи ја напуштиле земјава, а имале решенија за изолација.

Од СВР Тетово информираат дека во вчерашните контроли со кои се опфатени лица на кои им било издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат имало прекршувања.

– Констатирано е дека Ш.Д.(48) од гостиварски Сенокос, Х.А.(25) од Дебреше, Л.Ј.(33) од Дебреше не се придржувале на решенијата, односно ја напуштиле државата, посочуваат од СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидата поднесени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик.

Изминативе две недели со вакви пријави се соочија уште десетина други лица, кои живеат во околината на Гостивар.