Три лица починаа од труење со пиво во Бразил

Докажано – пивото помага при несоница!
Докажано – пивото помага при несоница!

Три лица починаа во Бразил од точено пиво, а се претпоставува дека пивото содржело отровна хемикалија диетилен гликол (ДЕГ), што се користи во антифриз и други производи. Министерството за земјоделство соопшти дека траги на ДЕГ се пронајдени во осум различни видови пива што ги произведува Baker.

Истражувањата покажуваат дека труењето со ДЕГ може да предизвика невролошки компликации, вклучувајќи парализа, кома и смрт.

Пиварницата соопшти дека соработува со истрагата, при тоа додавајќи оти не користи ДЕГ во производството, но дека употребува помалку отровна супстанца – моноетилен гликол.

Полицијата нареди и претрес на компанијата која ја снабдува пиварницата со моноетилен гликол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.