Три лица починаа, шест се повредени по експлозија на плинска боца во кумановско Романовце

172

Три лица починаа, а шестмина се повредени по експлозија на плинска боца во семејна куќа во кумановско Романовце, соопшти СВР Куманово.

Експлозијата настанала во 10 часот во куќата на Ш.А во село Романовце. Од експлозијата на плинската боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место, а шест лица се пренесени во Општа болница Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредите тие се префрлени во Ургенетн центар Скопје. Известен е јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово кои се на терен и ќе ги утврдуваат причините за несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.