Три лица потешко повредени во сообраќајки викендов во Скопје

ри лица се здобиле со тешки телесни повреди во три од вкупно 21 сообраќајка што се случиле викендов во Скопје. Во девет сообраќајки полесно биле повредени 15 лица и во исто толку била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 67 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 10 возачи поминале на крстосница на црвено светло, седум возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, 22 возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата, двајца возачи за не носење појас и 19 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 53 возачи, од кои 15 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 29 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и две технички неисправни и 22 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 184 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 131 возило.