Три лица се повредени во сообраќајка на „Словенечка“

На 12.10.2021 во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во близина на крстосницата со ул.„Македонска Косовска бригада“ и бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(47) од Скопје, излетало од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Е.А.(23) од Скопје, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка Е.И.(25) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.