Три лица убиени пред црква во САД

Маж со пиштол уби две жени на паркинг на црква во американската сојузна држава Ајова, а потоа се самоуби.

Во друго пукање две лица се ранети на гробишта во Висконсин, јавува „Ројтерс“.

Пукањето во Ајова се случило во четвртокот, пред црквата Корнерстон, фундаменталистичка христијанска црква источно од градот Ејмс, додека траела богослужбата, а кога полицијата пристигнала на местото, пронашла тројца мртви, соопштија од канцеларијата на шерифот.

Соединетите држави беа потресени во последните недели од масовни пукотници во кои загинаа 10 Афроамериканци во северниот дел на Њујорк, 19 деца и двајца учители во Тексас и двајца лекари, рецепционер и пациент во Оклахома.