Три лица загинаа во експлозија на куќа во Германија

Три лица загинаа во експлозија која што рано утрово се случила во една куќа во северниот дел на Германија, соопштија тамошните власти.

Еден маж, неговата жена и дете се жртвите од експлозијата што ја зафатила куќата, во која што живееле неколку семејства.

Се’ уште не е јасно која е причината за експлозијата, а полицијата ја води истрагата.