Три лица загинаа во сообраќајка кај Нова Градишка, потсетува на несреќата во која загина Тоше

Во сообраќајна несреќа на автопатот А-3 во Хрватска, кај Окучани, меѓу местата Новска и Нова Градишка, попладнево загинаа тројца српски државјани, откако со автомобилот се судриле со камион, јавуваат локалните медиуми.

Во сообраќајката чии околности и локација потсетуваат на несреќата во која загина македонската музичка легенда Тоше Проески, според првичните информации, загинале две машки лица од 35 и 38 години, како и жена стара 57 години.

Според извештаите, возачот на камионот е 25-годишен Босанец, кој бил во голем шок.