Три лица повредени во сообраќајна несреќа кај Аеродром

Три лица се повредени во собраќајната несреќа што се случи попладнево на булеварот „Јане Сандански“ во населбата Аеродром кај „Три Бисери“. Повредените со возило на брза помош биле пренесени во Ургентниот центар.

Сообраќајната несреќа се случила меѓу три патнички моторни возила, „пежо“ со кумановски регистарски таблички и две возила „голф“ со скопски регистарски таблички.

Во СВР Скопје сообраќајната несреќа била пријавена во 15:35 часот.