Три медицински сестри од Струмица се позитивни на ковид-19

Три медицински сестри од новоотворениот Оддел за инфективни болести во Струмичката болница се позитивни на коронавирусот, па вкупниот број заразени здравствени работници се зголеми на осум, од кои двајца се лекари, информираше директорот на болницата Наќе Гогов.

– И покрај тоа што ангажиравме персонал од други одделенија, сепак се чувствува потреба од дополнителен персонал, бидејќи бројката на новозаразени и на тие кои се лекуваат во болницата од ден на ден расте. Барам од Министерството за здравство да ни дозволи прием на сестри со договор, а исто така очекуваме да биде прифатено и нашето барање за распоредување на лекари и сестри од други болници во државата во нашата – изјави директорот, д-р Наќе Гогов.

Тој додаде дека од понеделник треба да биде проширен капацитот на новиот оддел за инфективни болести за уште шест кревети, кои треба да бидат поставени во поранешната ортопедска амбуланта.