Три милијарди луѓе немаат услови за миење раце

Околу три милијарди луѓе на планетата, или 40 отсто од севкупната светска популација, нема дома обезбедени услови за одржување на основната хигиена со миењето на рацете, покажуваат најновите податоци на УНИЦЕФ.

Недостапноста на основната хигиена како што е миењето раце за милиони луѓе ширум светот значи засилен ризик од новиот коронаворус и други заразни болести, предупредува Меѓународниот фонд за деца при Обединетите нации.

Според извештајот на УНИЦЕФ, објавен по повод Светскиот ден на мињето раце, во најнеразвиените земји дома не можат да ги измијат рацете речиси три четвртини од населението. Во Супсахарска Африка 63 отсто од луѓето кои живеат во урабаните области се без достапни основни хигиенски услови, како што е место за миењето раце.

На глобално ниво, 43 отсто од училиштата во кои одат 818 милиони ученици немаат можноста за миење раце со вода и сапун. Во најсиромашните земји, процентот училишта без место за миење раце се искачува на 70 отсто.

„Пандемијата дополнително ја истакна улогата на хигиената на рацете во превенцијата на болестите. Неприфатливо е најранливите заедници да немаат можност да ги користат наједноставните методи за заштита на своите и на животите на своите блиски“, истакна Кели Ен Нејлор, извршна директорка на УНИЦЕФ за вода, санитацијаи хигиена.