Три нови кластери со заразени во тетовскиот регион

Собирањето на луѓето во групи и непридржувањето до мерките и во тетовскиот регион е причината за драстичното зголемување на бројката на заболени со ковид-19 и создавањето на нови кластери. Вака ја окарактеризира големата бројка на нови заболени Наим Скендери специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје во Тетово.

– Денеска имаме 10 нови случаи во Тетово и околината. Од нив се повеќето луѓе што биле во контакт со заразено лице, но има и нови кластери, што е најголемиот ризик јавувањето на нови кластери со тоа бројката ќе се зголемува. Имаме три нови кластери, а вкупната бројка беше околу 25 кластери. Општините Тетово со селата и Боговиње со селата ги имаат најголемиот број од случаите – рече Скендери.

Тој посочи дека луѓето не треба да се релаксираат и да се придржуваат до мерките бидејќи вирусот се уште е тука.

– Ситуацијата во Тетово и околината епидемилошки не е добра поради тоа што граѓаните за жал не ги почитуваат мерките кои се дадени од Министерство за здравство и Институт за јавно здравје. Периодот што следи нашиот апел ќе продолжи да биде каков што бил порано, да нема собирање на групи, да нема идење на фамилијарни посети и обавезно носење на маски и социјална дистанца меѓу луѓето. Исто така да не се собираат како што гледаме во градот голем број луѓе пред банки, пошти – рече Скендери.

Според податоците на Министерствот за здравство во тетовскиот регион досега се бележат 161 заболен од кои активни 73, како и вкупно 15 смртни случаи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.