Три пациенти заразени со морбили се деца болни од рак

Тројца од пациентите заразени со морбили кои се хоспитализирани во клиниките при КЦ „Мајка Тереза“ се деца кои се болни од рак и лежат на Хематологија, објави Слободен печат.

Децата се заразиле додека се лекувале од други заболувања на Клиниката за хематологија.

Епидемијата на мали сипаници се разгоре на Клиниката за детски болести, каде се евидентирани осум заболени вработени кои претходнодно биле вакцинирани против морбили и четири деца пациенти.

Како што соопшти директорката на Детска клиника, Катерина Ставриќ, сите деца се во добра состојба. За три недели од мали сипаници заболеле и 8 вработени на Клиниката.

Под висок ризик за зараза се предвремено родените деца, оние кои се премали за да бидат вакцинирани, како и децата кои се лекуваат од хематолошки заболувања бидејќи нивниот имунитет е исклучително намален.