Три партии на Косово прогласија победа на вонредните парламентарни избори

Три партии прогласија победа на вонредните парламентарни избори на Косово.

Сепак, според последните податоци објавени на сајтот на Централната изборна комисија, најмногу гласови има освоено партијата Самоопределување на Албан Курти, која досега цело време е во опозиција.

И опозициски Демократски сојуз на Косово на Исa Мустафа е на врвот на листата од партиите кои имаат најмногу гласови, како и Демократската партија на Косово на Кадри Вејсели.

За првпат по осамостојувањето на Косово, Рамуш Харадинај ги губи изборите и извесно е дека ќе биде опозиција.

На овие избори гласале 44 проценти од гласачите.

На северот на Косово нема промена, и на овие избори сигурен победник е Српска листа со освоени над 97 проценти од гласовите.

Тие практично немаа политички противници.

Доколку Демократскиот сојуз на Косово освои најмногу гласови, тогаш на премиерското место ќе седна 37 годишна правничка и универзитетска професорка, Вјоса Османи.