Три победи на домашните во НБА лигата

Голден Стејт Вориорс на домашен паркет ги совладаа Лос Анџелес Клиперс со 115:113, што беше најтесниот домашен триумф во трите натпревара одиграни во НБА лигата играни ноќта кон петокот.

Најдобриот стрелец на дуелот и на Голден Стејт Вориорс беше Стив Кари мечот го заврши со 45 коша од кои две „тројки“ постигна во самиот финиш. Ендрју Вигинс додаде 17 поени за Вориорс, а Демион Ли постигна 11 коша.

Пол Џорџ ги предводеше Клиперс во првиот меч во сезоната со 29 коша, 11 скокови и 6 асистенции. Ерик Бледшо дуелот го заврши со 22 поени.

Вориорс кои сезоната ја отворија со победата над Лос Анџелес Лејкерс во вторникот, беа во дефицит од 105:107 пред Кари да ја постигне „тројката“ за водство ое еден поен на 1,54 минути пред крајот. Ерик Бледшо ги врати гостите во водство со кош од полагње на 1,44 минути до крајот, но Кари постигна уште една „тројка“ на 57,7 секинди до крајот. Потоа Дрејмонд Грин по асистенција на Андре Игуадала погоди за победа. На 3,7 секунди до крајот Ивица Зубац изведуваше слободни фрлања, првото го погоди а второт намерно го промаши за во борбата за топката да истече времето до крајот на мечот.

Атланта Хоукс со 113:87, исто така, на домашен терен ги надиграа Далас Маверикс.

Најефикасен кај победниците беше Кем Редиш со 20 коша, а Тре Јанг додаде 19 поени со 14 асисетнции. Лука Дончич за Маверикс постигна 18 коша, 11 скокови и 7 асистенции.

И во последниот синиќешен натпревар на домашен терен Мајами Хитс со високите 137:95 ги совлада гостинските Милвоки Бакс.

Тајлер Хиро ги предводеше Хитс до рекордот на отворањето на сезоната со 27 коша, а Џими Батлер додаде 20 поени. Кај Бакс, кои девет минути во првата четвртина беа без кош од игра, најдобар беше Јанис Адетонкумпо со 15 коша и 10 скокови.