Три причини заради кои во бракот по некое време нема секс

Нормално е сексуалната активност во текот на врската да се намалува. Повеќето парови би се препознале во тоа. Бракот без секс постои и може да опстане, секако, под посебни услови.

Ако како пар имате проблеми со послабо либидо, важно е да ги откриете причините и заедно да поработите на нив.

За незадоволство во бракот може да имаат влијание следните работи:

1. Промена на телесната тежина
Кога ќе се случи промена во тежината некои луѓе едноставно не се чувствуваат пријатно во своето тело. Тоа влијае и на нивната сексуалност, бидејќи ако не се чувствуваат привлечно, така и зрачат.

Обидете се повторно да се чувствувате убаво и секси, а партнерот треба да ви даде поддршка во вид на комплименти со кои ќе ви ја зголеми самодовербата.

Подобро е да му признаете дека не се чувствувате пријатно поради тежината отколку самиот да претпоставува во што е проблемот и да донесе погрешен заклучок.

За да уживате во сексот, важно е да не сте под стрес. Кога телото ослободува хормони на стрес докажано е дека може да ја намали желбата за секс. Одмор или заеднички активности се најдобриот начин повторно да се зближите.

Спротивност на стресот е досадата, а е вообичаена по 10 до 15 години брак. Во некој момент сексуалните ресурси се исцрпени и брачните партнери не пробуваат нови работи, тогаш може да се случи сексот повеќе да не ви се допаѓа.

Поставете си нови цели и пробајте нови сексуални работи за да ја одржите страста во бракот.