Три ракети ја погодија амбасадата на САД во Багдад, жестока осуда од амбасадорот

Три ракети паднале во неделата врз американската амбасада во Багдад, јавија извори од ирачките безбедносни служби, а амбасадорот Метју Телер упати остра осуда на гранатирањето на дипломатскиот комплекс.

Најмалку едно лице е повредено во ракетирањето на американскта амбасада, пренесува AFP ноќта кон понеделникот, повикувајќи се на локалните власти. Една од ракетите паднала врз ресторан во огромниот дипломатски комплекс во текот на вечерата, пренесув AFP.

Телевизијата al Sumaria, пак, јавува за неколкумина повредени во ракетирањето на „Зелената зона“ и амбасадата на САД, но не прецизира на кои локации настрадале. Според телевизијата „во моментов хеликоптери ги евакуираат лицата кои се наоѓааат на територијата на американската амбасада“.

Големиот комплекс на амбасадата на САД е изграден крај брегот на реката Тигрис во центарот на Багдад, во утврдената ткн Зелана зона, по американската инвазија од 2003 година и уривањето на режимот на сунитскиот диктатор Садам Хусеин. Таа е најголемата американска дипломатска мисија во светот.

По масовните протести и обидот за упад во оваа дипломатска мисија кон крајот на минатата и почетокот на годинава, Вашингтон потврди дека дипломатите се на безбедно и во регионот итно испратија дополнителен број војници, од кои сто маринци задолжени за безбедноста на амбасадата.

Ова е првпат ракетите директно да паѓаат во американската амбасадата во извонредно обезбедуваната ткн „Зелена зона“ во Багдад, која неколкупати беше цел последните месеци. Во оваа зона се наоѓаат владините згради и странските дипломатски мисии.

Како што пренесува телевизијата Al-Hadath, американскиот амбасадор Метју Телер веднаш реагирал кај вршителот на должноста ирачки премиер, Адел Абдел Махди, порачувајќи му дека САД остро го осудуваат ракетниот напад врз амбасадата.

Според извештајот на телевизијата, во неделата вечерта биле истрелани пет проектили кон „Зелената зона“ во Багдад. Три од нив паднале директно на територијата на американскиот дипломатски комплекс.

Веднаш по инцидентот, премниерот на заминување Махди им наредил на ирачките безбедносни сили да ги преземат сите мерки за да спречат еветнуално повторувањ на напади врз амбасадата на САД. Тој го нарече нападот „недоговрен чин изврпшен од одредени поединци“, истакнувајќи дека нападот „може да предизвика сериозни последици“. Додаде и дека наредил спроведување истрага „за да се пронајдат извршителите на нападот и нивно изведување на суд“.

Тензиите на Блискиот исток се зголемија откако на 3-ти јануари во воздушен напад на силите на САД во Багдад беа убиени влијателниот ирански генерал Касем Сулејмани и командант на ирачките шиитски доброволечки милиции, на што Иран одговори со ракетирање на две воени бази во Ирак во кои се сместени америкјански војници.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.