Три сценарија за Косовска Митровица

Изборите за градоначалник на Косовска Митровица, што ќе се одржат во недела, се од големо значење за Србите во Косово, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

Според изданието изборите ќе влијаат на понатамошниот реализација на Бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина и формирањето на Здружението на српските општини.

Во недела можно е да има три сценарија: за градоначалник да биде избран Албанец, што е самоубиство за Србите, градоначалникот да се изгласа на вториот круг на изборите и Србите да не гласаат.