10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Три трудници абортиралe поради зараза со морбили

Двете пациентки се јавиле на првостепена комисија за прекин на бременост поради заболување од морбили, а третата пациентка била во 22-та гестациска седмица.

Третата пациентка била од Велешко и имала претходно три царски реза од кои последниот бил пред 18 месеци. Пациентката по последниот царски рез имала претходно мртов плод.

Од ГАК соопштуваат дека пациентките заразени од морбили се изолираат во посебна просторија и имаат посебен хигиенски третман. По завршување на интервенцијата просториите се чистат со дезинфекциски средства и се кварцаат, а персоналот користи заштитни маски. Кај персоналот на ГАК нема заразени од морбили.

Од Клиниката потсетуваат дека морбилите како инфективно, високо заразно заболување, подедакво ја загрозува трудничката популација како и децата. Ризиците од појава на заболувањето се повисоки помеѓу невакцинираната трудничка популација.

Досегашните искуства покажуваат дека заболувањето е поврзано со повисока стапка на спонтани пометнувања (абортуси) кај пациентките кои заболуваат во рана фаза од бременоста. Заболувањето не е поврзано со зголемен ризик од вродени аномалии, но ризикот од предвремено породување кај овој дел од трудничката популација е поголем и директно е поврзан со фебрилната фаза на болеста.