Три жртви по судир на Албанци и грчката полиција

Тројцата полицајци, кои биле во патрола, наишле на албанските државјани додека го истражувале упадот на мигранти на територијата на Грција.

Албанците биле вооружени, а еден од нив почнал да пука по што убил еден полицаец, по што грчките полицајци возвратиле на нападот.

Двајцата убиени Албанци се’ уште не се идентификувани.