Три жртви во уривање на ѕид на древна црква во Египет

Три лица, меѓу кои четиригодишно дете, загинаа а уште четири други се повредени во неделата во Египет, откако врз нив паднал прераден ѕид од древна коптска (христијанска) црква.

Како што пренесува информативниот портал л Al Youm Al Sabea, меѓу повредените е и шестгодишно девојче. Прелиминарната истрага утврдила дека ѕидот од црквата која има археолошко значење се урнал за време на литургијата, и протоа загинале две деца и 50-годишна жена.

Од службата за цивилна заштите и вонредни ситуации, соопштиле дека трагедијата се случила во манастирот Абу (Свет) Фана, југозападно во градот Мулави во провинцијата Ал Минја.

Гувернерот на провинцијата наредил стручните служби да ги истражат причините за делумното уривање на зградата. Комисијата од египетското министерството за старини, составена од шефот на исламскиот, коптскиот и еврејскиот сектор за антиквитети и шефот на секторот за проекти во министерството испрати археолошко-инженерската комисија во Малави за да ја следи ситуацијата. Предвидено е да се спроведе сеопфатен преглед на локацијата и веднаш да се интервенира за да спречат ризици и да преземе сите итни мерки за заштита на зградите на манастирот и околината.

Манастирот Абу-Фана е основан од христијанските монаси во IV век по Христа. Во VI век на неговиот имот била подигната црква. Манастирот е археолошки локалитет лоциран во градот Малави, на околу 300 километри јужно од Каиро. Познат е како Манастир на Крстот, поради присуството на многу убаво украсени крстови во нејзината црква. Тој е еден од првите манастири во Горен Египет и е основан на почетокот на првото монашко движење, од страна на Свети Фана.

Коптската православна црква е една од најстарите христијански цркви во светот. Според преданието, таа е основана од страна на Апостол Марко кој се смета за нејзиниот прв патријарх. Во моментов, Коптите се најбројната христијанска конфесија на Блискиот исток, а огромното мнозинство од нив живеат во Египет. Во моментов, според официјалните податоци, бројот на Коптите во Египет изнесува околу 10 милиони. Коптите, пак, тврдат дека во земјата има речиси 17 милиони христијани, или околу 20 отсто од вкупно 85 милионското население Египет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.