Три жртви во напади на диви слонови во кинеска населба

61

Три лица ги загубиле животите во напади на диви слонови во кинеската провинција Јунан, пренесува во петокот агенцијата China News.

Според информацијата, во текот на изминатите осум дена во автономниот регион Ксошуанбана-Даи имало четири случаи на напади од диви слонови врз локални жители. Како резултат на тоа, три лица загинале, а уште едно е тешко повредено.

Експертите ги објаснуваат честите напади на слоновите со фактот дека годинава поради сушата има недостиг од храна и вода. Поради тоа животните одат во потрага по храна во областите оддалечени од водните текови, а откако ќе ги подмират потребите стануваат нервозни поради тоа што треба да се вратат во природните средини.

Дивите азиски слонови во Кина се заштитени животни. Главно живеат во округот Ксишуангбан, како и во близина на градовтеи Пер и Линчанг во провинцијата Јунан. Почесто се забележуваат во близина на населбите и селата во текот на зимскиот период кога е вообичан недостигот од храна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.