Трибина на ВМРО-ДПМНЕ, Стоп за семејното насилство

Во рамки на кампањата 16 дена активизам против насилството врз жените, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Гази Баба организираше едукативна трибина на тема: Стоп за семејното насилство. На трибината говореше Елена Димушевска, Извршен Директор на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Напиша на Фејсбук, Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.