Трибини на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба и Ѓорче Петров

Во организација на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржат две трибини како дел од кампањата “На Македонија и треба твојата идеја”.

Првата трибина ќе се одржи во 18:00 часот во хотел Континентал во општина Гази Баба.

Втората трибина ќе се одржи во 19:30 часот во Центар за култура во општина Ѓорче Петров.

На трибините ќе присуствуваат и ќе се обратат високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Владимир Пешевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.